6 починати од корона во последните 24 часа, дополнително регистрирани уште тројца

од Nikola Popovski

Најновиот црн ковид-биланс изнесува 6 починати лица, информираат од Министерството за здравство.

По градови изнесува: 2 починати лица од Скопје (60г  и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г),  Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.

Слични содржини