6 знаци на Зодијакот кои најдобро и најлесно ЛАЖАТ!

од Vladimir Zorba

Постојат знаци кога некој е „махер“ во лажење и дефинитивно треба да се внимава да се заштитите од нивната мрежа на измами.

Еве кои знаци од Зодијакот се најголеми „лажговци“:

Бик

Од сите ликови на оваа листа, Биковите најретко лажат. Сепак, лошо е што кога ќе го направат тоа, најверојатно ќе останат со својата приказна до горчливиот крај.

– Со бикот владее друга куќа на вредности, што значи дека моралот им е неверојатно важен. Меѓутоа, ако Бикот верува дека лажењето ќе му помогне да ја постигне целта, нема проблем да лаже одвреме-навреме – вели познатиот астролог Лорен Еш.

Сепак, бидете внимателни: ако ги фатите како лажат, подгответе се да се соочите со нив, погрижете се да имате докази.

Шкорпија

Како и кај Бикот, ако одлучите да се соочите со Шкорпијата, бидете подготвени и пронајдете докази кои нема да можат да ги соборат.

„Големото влијание што го имаат врз луѓето им овозможува да го кажат токму она што другите сакаат да го слушнат“, вели Лорен.

Шкорпиите можат да бидат шармери кои „знаат да користат зборови и лукавство за да се доближат до посакуваната цел“.

Рак

Познати како емотивен знак, Раковите можат да ги искористат овие карактеристики во своја полза.

– Никој не знае како да смисли потресна приказна како Ракот. Нивната мајчинска интуиција може да стане оружје во војната со зборови – објаснува Лорен.

Кога се во ќоше со вистината, Раковите често избегнуваат да ја признаат вината или дури се одлучуваат за вербален напад за да го пренасочат текот на разговорот.

Лав

Не е тајна дека Лавовите сакаат да зборуваат. Поради нивната драма, тие имаат предност во однос на другите ликови кога е во прашање комуникацијата.

Гордиот Лав, управуван од креативна петта куќа и под влијание на огнената енергија, „би лажел сто пати за да го заштити своето его отколку да признае дека е фатен во лага“. Затоа подгответе ги „детекторите за лаги“.

– Откако ќе решат да лажат, ќе ја вложат целата своја енергија во презентирање на нивната верзија на вистината – вели Лорен.

Девица

Не дозволувајте Девицата да ве измами. Да, земниот знак често лета под радарот, но како што вели астрологот, Девицата е лукава и веројатно најдобра во лажењето од сите знаци.

– Она што ја прави Девицата различна е нејзиното остро око за детали и способноста за брзо размислување на нозе – вели таа.

Девиците подеднакво се добри во измислување, но и откривање лаги кај другите луѓе.

Близнаци

А, најголемо лажговци од сите се: Близнаците, за кои постојано велат дека се лицемерни. И бидејќи тие се управувани од комуникативниот и интелектуален Меркур, Близнаците се „благословени со дарот на брборење“, што значи дека се добри говорници.

-Знаат да ги приспособат своите зборови за да одговараат на секоја ситуација, или ако ситуацијата го бара тоа, ќе глумат „адвокат на ѓаволот“ – вели Лорен.

Покрај тоа, Близнаците не се нужно склони кон лажење, но кога ќе го направат тоа, фактите и фикцијата ќе се спојат, пишува MSN.

Слични содржини