609 бегалци заглавени во Табановце, 9 од нив завршиле во кумановската болница

од desk3

Вкупно 609 бегалци останале заглавени на Табаноце и во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел државјани на Авганистан и тоа 597, информираат од Регионалниот ценгар за управување со кризи, а пренесува Кумановски муабети

migranti

Присутни во транзитниот центар Табановце се и четири лица од Сирија, двајца државјани на Ирак шест лица од Мароко. Вкупно девет од нив побарале лекарска помош во кумановската болница во текот на последните 24 часа.

Од оние кои побарале помош, тројца завршиле на Интерното одделение, едно лице на Нервното одделение, две на Хирургија, а три деца на Детското одделение при Општа Болница – Куманово.

(ВИДЕО) Дали со решението за помилување од Уставен суд се губи смислата на Договорот од Пржино?

Во текот на изминатото деноноќие од страна на дезинфекцијата, дезинсекција и дератизација, служба при Центарот за јавно здравје – Куманово извршена е дезинфекција на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти ­Табановце на вкупна површина од 3000 м.кв.

Извор: Кумановски муабети

loading...

Слични содржини