693 новозаразени, короната однесе уште два животи

од Nikola Popovski

Од вкупно 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на коронавирус во земјава, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 170 реинфекции. Исто така регистрирани сe и 826 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.

Пред неколку дена, Комисијата за заразни болести на заклучи дека нема потреба од воведување нови мерки. Велат дека земјава е во фаза на широка трансмисија и подготвена со соодветни капацитети за одговор.

За разлика од Македонија, земјите од регионот почнаа да ги заоструваат заштитните мерки. Во Бугарија маските на затворено повторно станаа задолжителни. И во Црна Гора поради влошувањето на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење маска.

Слични содржини