7 нешта кои можеби не сте ги знаеле за сексот и привлечноста

од desk2

Дали знаевте дека за време на просечното водење љубов, бројот на пенетрирања е од 100 до 500? Знаевте ли дека во просек, паровите водат љубов 17 минути и 5 секунди? Во продолжение погледнете некои интересни факти во врска со сексот и привлекувањето, кои најверојатно не сте ги знаеле.

1. Можете да доживеете оргазам во сон
Некои жени можат да доживеат оргазам додека спијат, односно за време на еротски сон. Иако во овој случај нема физичка стимулација, за време на еротските соништа дотокот на крв во гениталиите се зголемува исто како и за време на секс, а ова може да предизвика оргазам. Покрај тоа, луѓето се навистина опуштени додека спијат и се далеку од грижите и стресот.

2. Женскиот оргазам трае подолго
Женскиот оргазам трае 3 пати подолго од машкиот. Според експертите, оргазмот на жените трае околу 20 секунди, а на мажите околу 6 секунди. Па, жените ја имаат предноста во овој случај. Но бидејќи на некои жени им е потешко да доживеат оргазам, веројатно се прашувате како да го постигнете. Управувањето со емоциите е првиот чекор кон оргазмот. Исто важно е да научите и како да се опуштите.

На мажите им се потребни од 3 до 7 минути да доживеат оргазам, а на жените од 10 до 20. Поради ова, предиграта им е навистина важна на жените.

3. Најмногу се фантазира за Бред Пит и Бијонсе
Изгледа дека Бред Бит е најчестата фантазија кога станува збор за самозадоволување. Во една анкета учествувале 13.000 луѓе на возраст од 18 до 74 години од целиот свет, а главното прашање било за кого фантазираат. Помеѓу славните жени, на врвот се нашла Бијонсе, а се истакнале и Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Кајли Џенер. Од мажите, покрај Бред Пит, најпосакувани биле Џони Деп, Крис Хемсворт, Том Круз и Крис Прат.

4. Клиторисот е всушност „мал пенис“
Во текот на развојот во матката, клиторисот и пенисот на ембрионот се развиваат од исто ткиво, а подоцна сè зависи од хормоните. Кога во машкиот ембрион се ослободува тестостерон, сексуалното ткиво станува пенис. Без тестостерон, ткивото се претвора во клиторис.

Врвот на клиторисот има неколку сличности со врвот на пенисот – и двата органи се многу чувствителни и функционираат на ист начин. Кога жената е возбудена, клиторисот се зголемува и се полни со крв.

5. Тагата после сексот е вистинска појава
Дали некогаш сте плачеле после секс, дури и ако бил навистина добар? Доколку ви се случило, сигурно ќе се чувствувате подобро кога ќе дознаете дека ова всушност е многу честа појава и е позната како посткоитална дисфорија. Појавата е карактеризирана со интензивно чувство на тага, гнев и вознемиреност, најчесто после оргазам. Ова може да се случи и после мастурбирање. Сепак, оваа тема не е доволно истражена, па не се знае што точно се случува. Многу експерти веруваат дека е поврзана со наглото покачување на нивото на одредени хормони во телото.

6. Силното сетило за мирис го зголемува уживањето
Едно мало истражување открило поврзаност помеѓу чувствителноста на мирис и уживањето за време на секс. Луѓето со почувствителни носови имаат подобри сексуални искуства. Жените кои се многу чувствителни на непријатни мириси, имаат повеќе оргазми за разлика од оние на кои сетилото за мирис не им е толку остро. Телесните мириси можат да го подобрат сексуалното искуство.

7. Мажите ги возбудува подлабок женски глас
Едно истражување од 2014-та година имало за цел да открие дали жените можат свесно да ги манипулираат мажите со нивниот глас и да звучат попривлечно. Се покажало дека мажите навистина ги привлекуваат жените со подлабок и малку зарипнат глас. Односно, тие сакаат кога гласот полека им се продлабочува, бидејќи тоа им сигнализира дека жената е заинтересирана. Истражувачите напоменале дека тоа не значи дека мажите уште на почетокот преферираат жени со подлабок глас. Мажите ги возбудува кога гласот постепено станува подлабок и им дава знак дека имаат шанса кај жената што им се допаѓа.

Слични содржини