7 невообичаени симптоми поврзани со Ковид-19: Добро погледнете ги прстите

од Берта Китинска

 

Ковид-19 предизвикува симптоми кои траат во просек 10 дена. Пациентите кои имаат потешка форма на болеста, треба подолго да се опорават. Постојат седум необични знаци за кои предупредуваат експертите, а кои укажуваат на инфекција на коронавирус.

Според Светската здравствена организација (СЗО), главните симптоми на коронавирус обично вклучуваат сува кашлица, треска, малаксаност, отежнато дишење и губење на чувството за вкус и мирис.

Некои пациенти може да имаат затнат нос, грло или дијареја, додаваат експертите на СЗО. Овие симптоми се обично лесни и започнуваат постепено.

Сепак, има уште неколку симптоми за кои експертите предупредуваат и треба да се земат предвид.Симптомите кои се пријавени, но сè уште не се официјално признати, вклучуваат:

Осип на кожата и прстите

Податоците од апликацијата за истражување на симптоми на Ковид 19, која ги евидентира пријавените симптоми, укажуваат на тоа дека некои луѓе кои страдале од ковид забележале промени во кожата, вклучително и промени на прстите.

Не е јасно што ги предизвикува овие промени, но може да биде поврзано со имунолошкиот одговор на вирусот. Осипот обично предизвикува чешање и може да се појави како плускавци.

„Ковид јазик“

Некои луѓе пријавуваат промени во устата и јазикот – рани и нерамен јазик. Другите промени вклучуваат сува уста и габични инфекции, како и болки во мускулите за време на џвакањето.

Засипнатост

Рапав глас не е чест симптом на ковида-19; сепак, на почетокот на пандемијата, голем број вработени во болницата пријавиле дека дел од пациентите го имаат овој симптом.Коронавирусот влијае на ткивата во респираторниот систем на една личност, чиј дел е гркланот.

Болка во градите

Помалку луѓе кои имале kovid-19 доживеале значителна болка во градите, но важно е да се запамети дека болката во градите може да биде знак на нешто посериозно, како што се срцев удар и згрутчување на крвта во белите дробови.

Ова веројатно се должи на фактот дека вирусот директно влијае на мускулите и белите дробови.

Иако ретко, луѓето со ковид-19 кои доживуваат болка во градите имаат поголем ризик да имаат потреба од болничко лекување, особено ако болката во градите е поврзана со конфузија или отежнато дишење.

Болки во стомакот

Некои пациенти пријавиле болка во стомакот непосредно пред појавата на други познати симптоми, вклучувајќи треска, кашлица и отежнато дишење.

Во студија објавена во американскиот магазин за гастроентерологија, научниците сугерираат дека луѓето кои се позитивни на вирусот корона можат да имаат проблеми со варењето на храната што сигнализираат инфекција, а тоа може да вклучува и дијареја.

Истражувачите ги анализирале податоците на 204 пациенти со коивд-19 во кинеската провинција Хубеи и откриле дека дури 48,5 проценти од нив пристигнале во болницата поради проблеми со дигестивниот тракт.

Губење на апетит

Губење на апетит е опишано како можен симптом на коронавирус. Всушност, помислата за храна може да предизвика гадење кај луѓето.

Делириум

Делириумот е важен симптом на ковид-19 кај постарите лица, според истражувачите.

Постојат два вида; едниот е хиперактивен делириум, кога некој нагло го менува карактерот и почнува да се однесува чудно, станува вознемирен, па дури и агресивен.

Вториот вид е хипоактивен делириум, кој е почест и потешко се забележува. Луѓето со хипоактивен делириум стануваат повлечени, почесто поспани и помалку реагираат на она што се случува околу нив.

Слични содржини