7 опасни знаци за блокирани артерии што често ги игнорираме

од desk2

Многу луѓе погрешно веруваат дека блокираните артерии се проблем на постарите личности. Но ова може да се случи уште во вашите 20-ти. Поради тоа многу луѓе кои се соочени со овој проблем не знаат што им се случува и не реагираат додека не биде предоцна. Поради тоа, важно е да ги знаете знаците кои укажуваат на блокирани артерии со цел да избегнете посериозен проблем.

1. Болки во листовите, колковите или бутовите

Болката во нозете за време на активности како пешачењето може да е знак на блокирани артерии. Ова значи дека вашите екстремитети не добиваат доволно крв. Симптомите можат да вклучуваат болки и грчеви во нозете или рацете. Локацијата на болката зависи од тоа каде се наоѓа блокадата или стеснетата артерија.

2. Болка во градите

Болката во градите е резултат на намален доток на крв до срцето. Може да ја чувствувате како затегање, трнење, притисок или горење. Луѓето обично не го чувствуваат овој симптом кога одмараат бидејќи се активира за време на физичка активност или емоционална преоптовареност. Понекогаш блокадите можат да бидат толку лоши што болката може да ѝ сигнализира на личноста дека има инфаркт.

3. Привремено губење на видот на едната страна

Каротидните артерии ги снабдуваат очите и мозокот со крв. Доколку се блокираат, резултатот е привремено губење на видот или замаглен вид на истата страна. Целосната блокада може да предизвика мозочен удар.

4. Болки во долниот дел од грбот

Болката во долниот дел од грбот е сериозен знак што не смеете до игнорирате. Кога дотокот на крв во овој дел од телото е намален, пршлените стануваат кршливи. Ова води до болни и приклештени нерви. Најчесто ова е првиот симптом за блокирани артерии. Според едно истражување, 10% од луѓето во развиените земји веќе имаат зголемен ризик од оваа појава до нивната 20-та година.

5. Тешкотии со дишењето

Овој симптом се појавува кога коронарните артерии се оштетени. Луѓето го чувствуваат бидејќи срцето не може да испумпува доволно крв. Едно истражување покажало дека луѓето често ги игнорираат тешкотиите со дишењето, но понекогаш ова е единствениот знак за сериозна болест на коронарната артерија.

6. Студени стапала и дланки

Студените стапала можат да бидат предизвикани од стеснети артерии кои го намалуваат дотокот на крв во екстремитетите. Бавното зараснување на раните и слабиот пулс во стапалата се исто знаци што не треба да ги игнорирате. Исто така симптомите можат да бидат знак на проширена болест на артериите која може да влијае врз мозокот или срцето и да предизвика инфаркт или мозочен удар.

7. Замор и вртоглавица

Заморот е редок симптом на болест на коронарната артерија, но може да се појави. Овие симптоми се појавуваат како резултат на намаленото ниво на кислород поради слабиот доток на крв. Овие симптоми се почести кај жените.

Што го зголемува ризикот од блокирање на артериите?

Постојат неколку работи што можат да влијаат на оваа појава:

Нездраво ниво на холестерол во крвта. Ова значи дека имате високо ниво на лош и ниско ниво на добар холестерол.
Висок крвен притисок. Крвниот притисок не треба да надминува 140/90 mmHg.
Пушење. Пушењето ги оштетува и ги стеснува крвните садови, го зголемува нивото на холестерол и го зголемува крвниот притисок. Покрај тоа не му дозволува на кислородот да стигне до сите ткива во телото.
Прекумерна тежина или дебелина. Индексот на телесна маса помеѓу 25 и 29,9 значи дека имате прекумерна тежина. Ако вашиот индекс е повисок, тоа значи дека сте дебели.

Слични содржини