7147 граѓани на С. Македонија добиле државјанство на ЕУ

од Nikola Popovski

Според податоците на европската статистичка агенција Евростат, 7.147 граѓани од С. Македонија во текот на 2019 година добиле државјанство на некоја од земјите на ЕУ. Според Евростат, граѓаните на Западен Балкан најчесто аплицирале за германско и италијанско државјанство, како и за државјанство на Франција, Шпанија и Шведска, но и на некои од поранешните југословенски републики.

Од Западен Балкан, најмногу нови државјани на ЕУ доаѓаат од Албанија (41.703), следи Србија (10.297), Косово (8.047) и БиХ (6.977).

Во 2019 година, Словенија доби 1.911 нови државјани, претежно од БиХ, Србија и Северна Македонија, а Хрватска 1.121, претежно од БиХ, Косово и Србија.

Како и претходните години, Романците, Полјаците и Италијанците се трите најбројни групи на државјани на ЕУ кои во 2019 година добија државјанство на друга членка на Унијата.

Најмногу нови државјани во текот на 2019 година добиле Германија, Италија, Франција, Шпанија и Шведска, а повеќето се од Мароко, Албанија и Велика Британија.

Слични содржини