72-годишен Македонец се обидел да пренесе 148.000 евра преку српската граница: Парите ги криел во најлонски кеси

од Nikola Popovski

На излезот од преминот Прешево, српските царински службеници, во соработка со полицијата, спречиле обид за криумчарење на скоро 150.000 евра, што македонски државјанин се обидел да ги прошверцува преку границата без да пријави.

Прекршокот е откриен кога автомобил „Мерцедес Бенц“ со германски регистарски ознаки пристигнал на контролната линија за излез, со кој 72-годишен државјанин на Северна Македонија патувал од Германија кон нашата земја.

По пребројувањето утврдено е дека станува збор за сума од 148.000 евра. На патникот веднаш му биле вратени 10.000 евра, што според важечките прописи во Србија и ЕУ, може да се пренесат во готовина преку границата, додека надлежниот суд донел одлука за преостанатата сума по итна постапка.

Патникот е казнет со судска одлука, а трајно се одземени 138.000 непријавени евра, во корист на државниот буџет.

Српската царинска управа нагласува дека е дозволено пренесување до 10.000 евра преку границата, а дека износите над оваа сума мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите.

На 3 јуни започна примена на нови правила за влез и износ на готовина во ЕУ, што подразбира построга контрола на пренесувањето на пари над границата од 10 000 евра со цел поефикасна борба против перењето пари и финансирањето на тероризам.

Слични содржини