77 возачи во Куманово се движеле со брзина поголема од пропишаната

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека денеска од 12 до 18 часот полициски службеници од СВР Куманово спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 77 возачи.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираа од полицијата.

Слични содржини