777 Hypercar (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

777 е основан од претприемачот и колекционер Андреа Леви, а неговата историја официјално започна во AutodromoNazionale di Monza.

777 Hypercar е едносед со високи перформанси и ќе се произведува во ограничена серија од само 7 примероци (по цена од 7 милиони евра по парче).

777 е на врвот во однос на перформансите благодарение на FIA хомологираниот јаглероден монокок и софистицирана аеродинамика развиена од Dallara (која генерира надолна сила од 2.100 kg при брзина од 370 km/h), како и екстремно малата тежина од само 900 кг.

Моторот е 4,5-литарски атмосферски V8 со 730 КС при 9.000 вртежи во минута, придвижуван од синтетичко гориво.

Слични содржини