8 функционери на ДУИ ќе платат казна од по 20 евра за роденденот на Ахмети

од Nikola Popovski

МВР веќе испратило 8 платни налози од по 20 евра за дел од гостите во кабинетот на Артан Груби, при што не носеле маски и немало дистанца меѓу нив.

Како и за сите граѓани така и за функционерите важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Според извори од истрагата институциите работат и на нови казни кои се однесуваат на забраната за јавно групирање на повеќе од четири лица.

Шеесет и вториот роденден на Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем беше повод најтесното раководство на ДУИ пред два дена да се собере на седенка во објектот без маски и без растојание.

 

Слични содржини