8 услови, кои Чави ги поставил за да ја преземе Барса

од Vladimir Zorba

Легендата на Барселона и сегашниот тренер на Ал Сад, Чави имал осум услови за да ги преземе Каталонците, пренесува „Спорт“.

Како што е познато, младиот стратег имал средба во Доха со Ерик Абидал и Оскар Грау непосредно пред отказот на Ернесто Валверде и назначувањето на Кике Сетиен во јануари.

Според „Кадена Сер“, Чави ја посакувал функцијата, но не сега, туку на лето. Тој сакал да има целосна контрола врз новите засилувања и вклучување на уште еден поранешен капитен, Карлес Пујол, во работата при регрутирање играчи.

Друго барање на Чави било клубот да ги врати Жоан Вила и Жорди Кројф, откако двајцата би работеле претежно на академијата „Ла Масија“.

Тренерот на Ал Сад, исто така, имал идеја да го моделира медицинскиот оддел на „Ноу Камп“, откако сакал да го замени досегашниот шеф на лекарите на тимот. Последната желба на Чави била неговиот брат Оскар да добие работа во Барса и да стане дел од неговиот тим.

Абидал и Грау заминале со „подвиена опашка“ од Доха и го запозначе претседателот на клубот, Пеп Марија Бартомеу со условите на Чави. Газдата бил шокиран од барањата на легендата, па се упатил кон Кике Сетиен.

Бартомеу изјавил дека му е потребна личност која е подготвена веднаш да седне на жешкото столче, без да поставува голем број на барања на клубот, кој веќе е во тешка состојба.

Слични содржини