800 илјади денари од Општина Центар за настраданите од земјотресот во Драч

од Vladimir Zorba

Општина Центар се приклучува на останатите општини и прва точка на првата наредна седница на Советот, закажана за во вторник, ќе биде доделувањето на парична помош за настраданите во земјотресот во Драч, Албанија.

„Мала, но и тоа како корисна помош, во овие тешки мигови за нашите соседи, со вкупен износ од 800.000 денари ќе биде уплатена на посебна сметка на Црвениот Крст на Република Македонија.

Хуманоста не познава граници, ниту религии, ниту пак етничка припадност. Велат дека вистинските пријатели се познаваат во најтешките моменти“, сподели Градоначалникот Саша Богдановиќ.

Слични содржини