81-годишен маж прегазил малолетен велосипедист, па избегал

од Берта Китинска

На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место, а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар.

По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.

Слични содржини