Мажите споделуваат: Три најчести причини зошто се „оладиле“ кон партнерката

од desk2

Почетоците на врските и браковите се спонтани, забавни, сѐ се одвива глатко, возбудата е на високо ниво, очекувањата уште повисоко. Но, врските, а особено брачните, бараат постојана работа, вложување, компромиси и прифаќање.

Се менуваат партнерите, а со тоа се менува и врската. Тоа не мора да е задолжително лошо, но за некои промени не сме свесни, а уште помалку сме свесни дека водат на лошо.

Сексуалниот живот не е исклучок.

Од машки аспект, има неколку причини зошто се „оладиле“ кон нивните партнерки, односно неколку типови на однесување што дале придонес да се оддалечат.

Ова се трите најчести причини, пренесени во прво лице:

Сексот стана еден вид обврска

Како што минува годините во брак, сѐ поретко водевме љубов. Понекогаш имавме закажани, задолжителни секс-термини, на пример за роденден или за годишнина. Во сексуалниот живот сепак треба да има спонтаност и страст. Кога ќе се изгуби тоа, се губи и волјата за секс. Сакате да се чувствувате посакувано, а не како секс машина што задоволува потреба или обврска.

Никогаш не беше расположена

Откако се роди второто дете, сопругата потполно престана да сака секс. Едноставно, никогаш не беше расположена. Мене никогаш не ми пречеле ни некој килограм вишок, ни ако малку се запуштила, ама нејзе пак воопшто не ѝ беше дојдено до тоа. Кога многу пати ќе бидеш одбиен, почнува и тебе да ти се губи желбата.

Сексот стана едноличен, за фантазии и да не зборуваме

Со тек на време се намалуваше ентузијазмот, динамиката, енергијата за време на сексот. По некое време прекинуваат секси игрите и експериментирањето. Истите неколку пози. На крај само една. За сексуални фантазии ич не станува збор. Сексот стана рутина, наместо да се продлабочи интимноста меѓу нас./Kajgana

Слични содржини