-9 Маврово, -7 Тетово, -6 Берово, -5 Лазарополе, -4 Куманово, -3 Дебар,…

од Vladimir Zorba
97 прегледи

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

1 Штип, 4 Тополчани, 7 Кр. Паланка, 10 Струмица, 13 Скопје Петровец, 15 Д. Капија, Скопје, 20 Битола, Берово, 21 Тетово, 27 Крушево, 37 Лазарополе, 39 Пожаране, 40 Ѓуриште, 63 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-9 Маврово, -7 Тетово, -6 Берово, Пожаране, -5 Лазарополе, -4 Куманово, Кр. Паланка, -3 Дебар, Ѓуриште, Крушево, -2 Тополчани, -1 Скопје, Битола, Скопје Петровец, 0 Прилеп, Штип, Виница, Претор, Охрид, 1 Струмица, 2 Гевгелија, Дојран, Д. Капија.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Претежно облачно и магливо по котлините. Дува слаб претежно југоисточен ветер, особено во западните делови од земјата. Во 7 часот во Тетовско има магла, а магливо е во Скопско и Битолско.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Наутро по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток. Кон крајот на денот во југозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во интервал од 1 до 7° С.

Во Скопје наутро магливо. Преку денот променливо облачно со почести сончеви периоди попладне. Температурата до 4° С.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, почести на истокот од земјава. По котлините ќе има појава на магла. Денес и утре претежно во јужните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, претежно во западните делови. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Слични содржини