9 соби, 16 купатила и шипки за стриптиз: Меган и Хари искешираа 14,6 милиони долари за новиот дом

од Vladimir Zorba

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (39) конечно решија каде сакаат да живеат откако го напуштија кралското семејство во Велика Британија и се преселија во САД.

Имено, војводата и војвотката од Сасекс купиле вила од 18.000 м2 која има 5,4 акри земја во Монтесито, Калифорнија.

Вилата е оддалечена околу 140 километри од Лос Анџелес, и тие не се единствените познати личности во нивната околина.

Некои од нивните познати соседи се водителките Опра Винфри и Елен Деџенерис, актерот Роб Лоу и режисерот Џорџ Лукас.

Хари и Меган, наводно, добиле добра понуда, со оглед дека имотот претходно бил продаден за 29 милиони долари, а тие го купиле за 14.650.000 долари.

Вилата личи на палата со 9 спални соби и 16 купатила, има голем базен, кино, фитнес сала, бања, библиотека, канцеларија, винарска визба, кујна направена во уметнички стил, игри и просторија за забава, тениско игралиште, гаража за пет автомобили и голема игралиште каде што принцот Арчи ќе може да игра со часови.

Во теретаната, инаку, има и шипки за стриптиз, но не се знае дали парот ќе ги задржи или ќе ги „отстрани“.

Имотот е на приватен пат, па парот ќе може да ужива во својата приватност без папараците. Тие исто така можат да уживаат во прекрасниот поглед на океанот и планините, кои ги опкружуваат од сите страни.

Слични содржини