БМВ го повлече најновиот модел на Тојота

од desk2

Иако е неверојатно една голема компанија да повлече најнов производ на друга, сепак токму тоа се случи со најновиот модел на Тојота , Супра 2020.

Ова чудо било можно бидејќи многу производители ги споделуваат своите производи со други, дури и со директните ривали. И во случајот со BMW, тоа е соработка со Toyota и развој на заеднички модел. BMW Z4 и Toyota Supra се разликуваат многу малку , додека во однос на механиката тие се идентични.

Затоа БМВ ги повлече моделите на Тојота , кои се произведуваат во австриските погони.

Според документот објавен од NHTSA (Национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата), има само седум повлечени примероци. Причината за повлекувањето не е воопшто наивна. Имено, станува збор за грешки во заварувањето , во врска со носачот на ременот, што може да биде фатално за возачот во сообраќајна несреќа.

Доколку се открие дефектот, сопственикот ќе добие нов автомобил. Се претпоставува дека тоа ќе биде случајот со три автомобили, објави Тојота. Бидејќи сите Супра се распродадени, единствениот проблем е што тие ќе треба да издржат додека не пристигне посакуваниот примерок од Австрија.

 

Слични содржини