95 години Скопје Зоо- Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“

од Берта Китинска

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот- кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20:30.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на Школка“, соопштија од ЗОО Скопје

Слични содржини