96 санкционирани возачи во Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини