Роналдо собрал голем бонус од Јунајтед пред да објави дека заминува

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Кристијано Роналдо добил шестцифрен бонус само неколку дена пред да објави дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Бонусот е дел од стартот на втората година од договорот, кој го потпиша минатото лето кога се врати на „Олд Трафорд“.

Роналдо направи значително намалување на платата кога го напушти Јувентус. Тој се согласи на плата речиси 50 проценти помалку за повторно да игра за „црвените ѓаволи“. Ова беше компензирано со различни годишни бонуси.

Манчестер Јунајтед и понатаму останува на ставот дека Кристијано не е на продажба, но нема идеја кога и дали ќе биде вклучен во подготовките на тимот за новата сезона.

Додека јавно го искажува овој став, клубот веќе разговара за опции за негова замена. Некои од спонзорите на „црвените ѓаволи“, кои помогнаа да се финансира платата на Португалецот, инсистираат тој да остане за да добијат поголем поврат.