Саудиска Арабија формира глобален сојуз за поддршка на решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

од Milan1
18 прегледи

Саудиска Арабија формираше глобален сојуз кој ќе се залага за решение со две држави на израелско-палестинскиот конфликт, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Алијансата вклучува неколку арапски и муслимански земји, како и европски партнери, пренесува саудиската државна агенција, без да прецизира кои земји ветиле дека ќе се приклучат на иницијативата.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на платформата Х изјави дека првите состаноци на алијансата ќе се одржат во Ријад и во Брисел.

Слични содржини