Шојгу за безбедносните гаранции за Украина: Кога еднаш ќе излажете, веќе никој не ви верува!

од Aneta Risteska
55 прегледи

Киев двапати ги прекрши договорите со Русија, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, коментирајќи ја дискусијата за безбедносните гаранции за Украина.

„Има една стара руска поговорка: кога еднаш ќе излажете, никој нема да ви поверува. И тука не е само еднаш, барем во Украина – туку двапати“, рече тој, според Ведомости.

Шојгу истакна дека во 2014 година министерствата за надворешни работи на Франција и Германија го олесниле потпишувањето на договорот меѓу поранешниот украински лидер Виктор Јанукович и вооружената опозиција, според кој претседателот требаше да поднесе оставка, но овие гаранции „траеја само три часа“.

Тој оцени дека тоа „тешко дека може да се нарече гаранција“.

Во тоа време, како што додаде секретарот на Советот за безбедност, имаше договори од Минск, но по извесно време поранешните лидери на Украина, Германија и Франција признаа дека претходно, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, во поканата до лидерите на земјите-членки на ЕУ за специјален состанок на 6 март, изјави дека Европа е подготвена да учествува во гаранциите за одржување на мирот во Украина.

Британскиот магазин Економист на 26 февруари објави дека Франција и Велика Британија планираат да ги распоредат своите воени контингенти во Украина не на линијата на фронтот, туку во градовите, пристаништата, украинските нуклеарни централи и други инфраструктурни објекти.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 февруари изјави дека неговата администрација нема да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, пренесува Танјуг.

Слични содржини