Еден будистички калуѓер го заврши денеска неверојатно тешкиот деветдневен ритуал во текот на кој ништо не јадеше, не пиеше, нити спиеше, туку 100 000 пати рецитирал сутра.

Овој подвог,според верувањата на неговиот харм,41 годишниот Коген Камахори го направи жива форма на Буда.
Камахори е првиот монах кој во последните осум години успеал да го направи овој ритуал од почеток до крај.
Испосникот пред храмот го дочекале 600 радознали и новинари.
Ритуалот се смета за еден од најтешките делови на седумгодишното учење кое се состои и од 1000 денови одење по планина.