Кинеска компанија од Хонг Конг, ДИД корпорација, која се занимава со производство на играчки се најде во центарот на вниманието поради кукла на германски војник од Втората светска војна.

Цела Германија се крена на нозе затоа што куклата како да е правена по ликот на Бастијан Швајнштајгер.
Од компанијата објаснија дека не им била намерата куклата да личи на некој и дека на нив „сите Германци им се помалку или повеќе исти“.
Познатиот фудбалер најави тужба против компанијата.
