Каков е идеалот за совршена партнерка? Ова прашање си го поставуваат милиони мажи и жени во светот, плашејќи се дека не влегуваат во стереотипите на 21-от век. Опуштете се! Ново истражување покажува дека не е потребно да сте русокоса со огромни гради, за да влезете во фантазиите на некој маж. Господата пак може да излезат малку од салата, бидејќи телото не е најважно за сите (иако дава некоја предност!).
Новото истражување на сајтот за состанување Match.com откри за кого всушност сонуваат и двата пола. Најпосакуваната жена е бринета, а не русокоса. Таа е интелигентна, по можност лекар или ветеринар. Освен тоа има дискретна тетоважа на место кое само тој може да го види.
Господата признаваат дека ги сметаат за попривлечни жените кои сакаат да пливаат во слободно време. Дамите од своја страна веќе не се насочени кон мачовци со тела на професионални спортисти, туку сакаат мажот да е паметен, со раководни позиции во некоја фирма и да сака кучиња. Може и да не заработува милиони, но сепак не треба да не е мизерен. Би било добро годишната плата да е помеѓу 50 000 и 100 000 фунти.
“Истражувањето покажува доста интересни работи. Жените веќе не сакаат некакви мускулести мажи, кои сакаат да ги покажуваат своите тела во кратки шорцеви, туку бараат некој со кого ќе се чувствуваат опуштено и наоѓа време за нив навечер, наместо да троши часови во салата.
Во меѓувреме претставниците на машкиот пол исто така, бараат други квалитети освен изгледот. За нив е многу важно жената да биде успешна и со сериозна професија “, сумираше Кејт Тејлор, консултант за врските.