Страста кон пицата е иста како зависноста кон дрога

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Научниците од Универзитетот во Мичиген тврдат дека страста кон пицата доаѓа од зависност, која е предизвикана од кашкавал.4475160

Некои од експертите го нарекуваат “млечен крек”. Од истражувањето станува јасно дека кашкавалот не само што има прекрасен вкус, но предизвикува и зависност. Научниците побарале од 500 ученици да пополнат анкета за храната која ја консумирале. Утврдено е дека пицата предизвикува најголема зависност.

Главниот производ кој предизвикува зависност е казеин – протеин во кашкавалот, кој ослободува, опијати наречени казоморфини. Доктор Нил Бернард од психијатрискиот комитет за одговорна медицина го опишал кашкавалот како “млечен крек”. Освен поради кашкавалот пицата е лидер и поради шеќерот во сос од домати, како и за јаглехидратите во крцкавата коричка кои го возбудуваат мозокот.