(ГАЛЕРИЈА) Колоритни цртежи кои ја скокоткаат фантазијата

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Ако како мали ви се допаѓаше “Алиса во земјата на чудата”, најверојатно цртежите на Кристина Веб нема да ве остават рамнодушни.abdbbb8bf69cfc4ec6067f9bbc780ed9

Некои од нив се речиси толку необични, како ликовите од детскиот роман.

Имагинацијата на 19-годишното девојче од Нов Зеланд раѓа прекрасни комбинации и комбинации меѓу женското тело, храната и цвеќињата.

Кристина вешто ги испреплетува познатите цртани ликови со шарени бои, користејќи 3D објекти за поизвонреден резултат.

Колку одлично би било да имате спектакуларен елегантен фустан од пердуви од паун? Едно од ремек-делата на Кристина Веб ќе ви го покаже токму тоа.

Девојката користи и листови од рози во различни бои за да создаде импресивни фустани – идеја, за која дури и многу модни дизајнери би ѝ завиделе!

За да се разбере подобро, сепак за какво волшебништво од бои и идеи точно зборуваме, едноставно влезете во нашата галерија и фрлете се во блескавиот свет на различни нијанси.

Фото: Kristina Webb