Не за Крим, не за Париз. Денес луѓето во Русија зборуваат претежно за Турција. Тие почнаа да се загрижени дека затегнувањето на билатералните односи ќе ги засегне сосема директно. Репортажа на DW од Москва раскажува за нивната загриженост.
Одеднаш Турција стана најважната тема за луѓето во Русија. Инцидентот со рускиот патнички авион во Египет и конфликтот со Украина останаа во заден план. Денес во разговорите кои ги водат обичните Руси, присуствува најмногу темата со рускиот Су-24 и заладените руско-турските односи. Се разговара највеќе за повеќето неразјаснети факти околу симнувањето на борбениот авион . Впрочем претседателот Путин налеа и дополнително масло на огнот со тврдења дека борбените авиони бил соборен, за да се обезбеди непречен шверц на нафта на “Исламска држава” (ИД), која Турција сакала да ја прикрие. Така тој практично ја обвини Анкара дека ги брани терористите кои шверцуваат индустриски количини нафта кон Турција.
Но да се вратиме на обичните Руси. Мојот пријател Максим помина вчера на чаша пиво, носејќи со себе шише “Стариј Мелник”. Овој бренд, како и “Золотаја бочка” се омилени пива на Русите. Тоа се всушност две од вкупно 25-те вида пива произведени од турскиот концерн EFES. Нивниот удел на рускиот пазар сочинува околу 17%.
Командантот на крстосувачот “Москва”: Ќе пукаме по секоја опасна воздушна цел!
Омиленото пиво на Максим сепак одеднаш му загорчи, штом дозна дека претседателот Путин потпишал декрет за ограничување на “бизнисот на турските фирми во Русија”. Тоа влијае и него, бидејќи тој работи за EFES. Максим сепак може да остане на улица, ако на EFES и биде одземено правото да произведува пиво во Русија.
Каде ќе одмараат Русите?
Не само мојот пријател, но и голем број на други Руси одеднаш забележаа колку важна улога игра Турција во Русија. Секој кој ќе фрли поглед кон шик зградите на новоформираната Москва Сити, неизбежно ќе забележи јасно препознатлива силуета на елегантниот облакодер “Evolution”, изграден од турскиот градежен концерн “Renaissance Construction”. Во цела Русија во моментов работат над 100 турски градежни компании, многу од нив учествуваа во изградбата на престижни објекти како спортските капацитети за Олимписките игри во Сочи, санација на Државната дума, изградбата на автопатот, кој ја поврзува Москва со Санкт Петербург или новиот терминал на аеродромот во Санкт Петербург.
Додека Максим се грижи како ќе заработува пари во иднина, 4,5 милиони Руси се загрижени за тоа каде би можеле да ги трошат. Токму толку го поминаа минатогодишната одмор во Турција. “Не познавам ниту еден кој да останал незадоволен. А сега? Ќе треба може да летуваме веќе во Крим”, воздивнува една московчанка. “Непобитен факт е дека во Турција е убаво, но што да правиме”, додава таа.
Сега други земји се обидуваат да ги освојат руските туристи. Израел пример активно ги промовира своите дестинации меѓу нив. Насекаде во Москва можат да се видат плакати за одмор крај Мртвото Море. На многу места во Израел освен тоа се зборува и на руски и тоа е добро познато на Русите. “Сепак, ќе биде тешко да се најде вистинска замена на Турција”, вели Лариса Алханова, претставничка на една од најголемите туристички компании во земјата “Тес турс”. Таа појаснува дека во самата Русија нема доволно хотели, ниту добра инфраструктура за развој на локалниот туризам, кој одеднаш ќе преземе толку многу луѓе.
Како можни алтернативи Алханова ги набројува Абу Даби, Кипар и Тунис. Таа наведува дека жителите на Москва и Санкт Петербург сакаат да патуваат и до Германија, која го зазема третото место во склопот на дестинациите, по Египет и Турција.
Од мерките кои ќе влезат во сила на 1 јануари 2016, ќе бидат погодени многу Руси, меѓу кои и мојот пријател Максим. Од почетокот на новата година ќе биде откажан безвизниот режим меѓу Русија и Турција, како и сите чартер летови. Редовните летови нема да бидат засегнати. Барем засега. Ако и тоа се случи, ќе се наметне “Turkish Airlines” да ги поништи сите 88 свои летови дневно. На стоките “Madе in Turkey” ќе биде наметнато ембарго, кое ќе влијае најмногу на производителите на агруми и доматите, но исто така и на текстилната индустрија и производителите на авто делови.
“Ќе пиеме помалку пиво?”
Уште отсега впрочем некои премногу ревносни поддржувачи на Путин меѓу локалните власти сметаат дека се претерува со предвремени мерки против Турција. На радио што често се соопштува за цели колони со турски камиони , блокирани на белоруската-руската граница “до втора наредба”. Во регионот на Краснодар пак протераа 39 турски бизнисмени чии лични документи наводно не биле во ред.
Блиските до државната власт медиуми како весникот “Известија” се обидуваат да ги омаловажуваат т.н. противник. “Граѓаните на Русија нема да го почувствуваат отстранувањето на Турција од рускиот пазар” го цитираат рускиот министер за земјоделство Александар Ткачов кој ги реди и потенцијалните алтернативни увозници, имено Азербејџан, Узбекистан, Мароко и Израел.
Може и пак узбекистанското грозје да е послатко од турското, а мароканските домати да се сочни. Тие, меѓутоа, нема да можат да го спасат работното место на мојот пријател Максим. А тој веќе се грижи за иднината: “Ако отпаднат 17% од руската потрошувачка на пиво, откако EFES ќе биде забранет, значи ли тоа дека ние, Русите, ќе пиеме 17% помалку пиво? Па тоа ќе е одлично! Или пак можеби повторно ќе се вратиме на вотката? “
