Европскиот комесар за Дигитална економија и општество Гинтер Отингер го осуди планот на „Вишеградската група“ за зајакната безбедност и затворање на македонско – грчката граница.

132389770
 “Главната слабост на планот на земјите од Вишеградската група е што губитник во тој случај би била Грција“, ијзавил Отингер за весникот „Рајнише пост“ од Дизелдорф.
„Обезбедувањето на границата меѓу Македонија и Грција каде што има зголемен проток на бегалци ќе предизвика уште поголеми проблеми на егејските острови и континентална Грција“, вели Отингер кој се надева дека таканаречениот „Македонски план“ ќе биде отфрлен на самитот на ЕУ што ќе се одржи неделава.
Отингер кој е еврокомесар од 2010 година а од 2014 е заменик на претседателот на ЕК Јункер, е член на германските Христијански Демократи (ЦДУ) предводени од канцеларката Меркел која што побара ЕУ повеќе да соработува со Турција наместо да зборува за нови квоти и затворање на граници

Слични содржини