Членовите на собраниската комисија за образование и денеска со довикување и со зајадливи и навредливи зборови ја продолжија расправата за формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“.

sobranie-komisija_20147894426

Пратеникот од СДСМ, Бетиан Китев, рече дека пред да се почне со амандманска расправа, мора да се расчисти процедурата според која треба да се дискутира за амандманите и за законот. Тој ја праша претседателката на комисијата, Олга Најденовска, дали некој професор или правник ја поддржал одлуката што таа пред десетина дена ја донела, а со која се ограничува времетраењето на говорите.

Најденовска, пак, не му одговори директно на прашањето и го повика пратеникот да ги образложи амандманите што ги предложил.

Пратеничката Солза Грчева побара на пратениците да им бидат доставени елаборатот, финансискиот план и имињата на 23 лица што потпишале дека ваков универзитет треба да се формира.

Заменик-координаторката на опозициските пратеници, Соња Мираковска, рече дека Собранието е само продолжена рака на владата и со донесените одлуки грубо се прекршува деловникот.

На оваа седница пратениците од место си дофрлуваат зајадливи и навредливи зборови.

 

МЕТА

Слични содржини