Во првите шест месеци ќе има многу несреќи, според него
Главното предвидување на познатиот француски пророк и астролог Нострадамус за 2016 година е дека ќе се роди човек, кој ќе им помогне на сите луѓе да го разберат значењето на животот и да не дозволат светски апокалипса, а таква веројатност постои, соопштува сајтот 2astrologa.ru, цитиран од агенциите.Според Нострадамус во 2016 година во Русија ќе се појави ново религиозно учење кое ќе бира сили и во блиско време ќе ги побие сите знаења поврзани со јудаизмот и христијанството, дури со исламот. Можно е ова учење да се претвори во религијата на целиот свет. Благодарение на него во светот ќе произлезат нов социумот и нова култура.
Во првите шест месеци од 2016 година ќе има многу несреќи. Можно е да започне трета светска војна. Според Нострадамус државата од која ќе тргне, ќе е Иран, а агресијата ќе биде насочена кон Турција. Русија ќе ја игра улогата на главен мировник во овој конфликт и со помош на својот авторитет може да ја споре заканата. На Русија францускиот пророк и предвидува просперитет, почеток на “Златен век” од 2016 до 2020 година, кој ќе се карактеризира со напредување на руската империја , значителен економски раст и силна позиција во политички план. Ќе има економски пад на Америка.
Според предвидувањата на Нострадамус следната година ќе сме сведоци на природни катаклизми. Пророкот пишува дека ќе се појави нова болест, против која нема да има лек. Таа ќе дојде од африканските земји и ќе доведе до смртта на многу луѓе. Во самата Африка ќе настапат гладни времиња. Во некои делови на континентот ќе има недостиг на вода за пиење, што ќе биде причина за преселувањето на африканските народи на европскиот континент.
Нострадамус споменува и за природни катастрофи. Силни земјотреси ќе има на територијата на Кина и на Блискиот Исток. Разурнувањата ќе се огромни и ќе биде тешко штетите да бидат обновени. Големи поплави може да се очекуваат во Африка и Јужна Америка, делови од кои ќе бидат целосно обземени од вода. За САД прогнозира торнадо со ужасна сила.