Горан Милевски е единствен кандидат за пратеник на ЛДП од Битола

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Горан Милевски е единствениот кандидат за пратеник на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Битола што општинската огранизација на партијата го предложила за петтата изборна единица.

goran-milevski-ldp

Милевски се очекува да биде меѓу првите на листата на опозицијата предводена од СДСМ.

Меѓу битолчани се погласно се зборува дека Милевски ќе биде и носител на листата во петтата изборна едница, со оглед дека е лидер на партија.

Сепак, од битолскиот огранок на партијата за „Мета“ велат дека тоа веројатно ќе се решава со коалициски договор меѓу ЛДП и СДСМ на највисоко ниво, а не во Битола, како и тоа дека ЛДП не инсистира за позицијата носител на листа во петтата изборна единица.