
Претходно, обвинителот кој ја води истрагата за бегството за 1Тв рече дека ќе бидат повикани на разговор сите за кои смета дека би можеле да помогнат во истрагата. Се уште немаме информација дали некој од новинарите кои му биле во посета биле повикани во обвинителството. Пред новинарите, Груевски беше посетуван од лица вработени во Царинската управа. Надлежните органи се оптимисти за враќањето на азилантот, чија екстрадиција засега е невоможна. Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, во интервју за српски медиум рече дека очекува правдата да го стигне Груевски без да одговори како правдата ќе биде спроведена. За обвинителството, индикативно е и тоа што снимките од граничите премини на Албанија не беа доставени до македонските органи./1тв