Ким и Трамп имале искрен и темелен разговор

од desk4
187 прегледи
   Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп имале искрен и темелен разговор во Ханој, за да го подготват патот за сеопфатни и суштински резултати од втората средба.

Трамп и Ким денеска ќе одржат уште една рунда разговори, во рамките на втората средба за осум месеци.

Светските агенции јавуваат дека двајцата лидери за времер на синоќешната вечера размениле комплименти, но немало знаци дека дошло до напредок по клучното прашање за денуклеаризација.

Првата средба меѓу Трамп и Ким беше одржана во Сингапур во јуни минатата година.