А како се излегува од НАТО?

од desk4

Дали претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела се закани со излегување од НАТО или не? Во секој случај, секоја земја може да излезе од воениот сојуз и тоа- неверојатно едноставно.

    
Nato-Hauptquartier in Brüssel (picture-alliance/dpa/K. Nietfeld)

Во членот 13 од договорот на НАТО од 1949 година стои: „По 20 годишен рок од важење на договорот, секоја земја која потпишала договор, може од него да излезе и тоа една година откако ќе го најави тоа.“

Отказниот рок е значи една година, не е потребно да се наведуваат причините, сѐ е сосема едноставно. За разлика од Европска унија, во која до пред неколку години излегување, како претстојниот Брегзит, воопшто не беше предвидено, па така не беше дефинирана ни процедурата, кај НАТО, од самото основање постои можност да се напушти сојузот.

Повеќе:

НАТО и здодевниот чичко Трамп

Сатиричен протест – „бебето Трамп“ лета над Лондон

НАТО-самит во паралелениот универзум на Трамп

За волја на вистината, во речиси 70 години долгата историја на Алијансата немаше случај некоја земја да излезе од сојузот. Меѓутоа, имаше излегувања од воената структура. Тоа значи дека повеќе држави останаа во НАТО пактот, но некое време не сакаа нивните воени сили да подлежат на командната структура на Северноатлантската алијанса. Сите тие подоцна сепак се вратија на старо.

Flash-galerie Die NATO im Wandel (picture-alliance/dpa)Шарл де Гол

Излегување не, но повлекување од воената структура

Најпознат пример е Франција: претседателот Шарл де Гол во 60-тите години  НАТО  се’ повеќе го гледаше како инструмент на американските геополитички интереси и како ограничување на француската независност. Затоа француските воени сили во 1966 година ги напуштија командните структури. Последица на тоа беше седиштето на НАТО, кое дотогаш беше во Париз, да се премести во белгискиот Брисел. Дури под претседателот Никола Саркози, Франција во 2009 година повторно се врати во воените структури. До приближување дојде уште во 90-тите години за време на југословенските војни. Франција не е единствен таков случај. Ни Грција од 1974 до 1981 година, ни Шпанија од 1986 до 1999 година, не беа дел од командната структура, но сепак останаа членки на НАТО.

DW.COM

Слични содржини