АА: Асистентот на Јанкуловска не може да биде тој што ќе ги истражува изборните нерегуларности

од Vladimir Zorba

Обвинителството има воспоставено привремена комисија за следење на изборните нерегуларности, предводени од поранешниот Заменик-министер
за внатрешни работи, Џелал Бајрами, кој стана познат како асистент на Јанколовска во политичкиот монтиран случај Монструм. Сите бевме сведоци за тоа како беа избрани судиите и обвинителите за време на „тефтерите“ на Јанкуловска“, велат АА во реакцијата за назначувањето на Џелал Бајрами за претседател на Комисијата на ЈО за изборни нерегуларности.

“Назначувањето на врвот на комисијата кадар што е целосно партиска личност, а којшто би требало да биде независен кандидат, многу јасно
укажува за намерата на хибридниот режим да манипулира со изборите.

Ги информираме дека ние ќе ги следиме во секој чекор, секоја манипулација и секоја намера за крадење на гласовите од нивна страна, додека главниот збор ќе го имаат граѓаните кои што со масивна излезност и со користење на правото на глас ќе оневозможат секоја манипулација од страна на режимот“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Слични содржини