АА бара одговор од Алтернатива: Дали е валиден договорот за коалиција кој три пати го прекршувате?

од Nikola Popovski

Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“. Следствено, Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа најмалку три пати по ред, со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев, за да разговара за можноста за влез во Владата, реагираат од Алијанса на Албанците, после третата средба на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши со премиерот Зоран Заев за евентуален влез на партијата во Владата.

Од АА бараат партијата на Гаши да одговори дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива.

-Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех во вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите.

Изразуваме жалење за разочарувањето што го предизвикавте на опозициските гласачи кои не поддржаа против оваа власт. На истите ние им остануваме верни во нашето понатамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои е свет дадениот збор пред граѓаните. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор, стои во соопштението на Алијанса на Албанците.

Претходно доцна попладнево заврши третата средба на Заев и Гаши во Клубот на пратеници.

-На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, соопштија од Владата.

Слични содржини