AА дел од Владата? Османи: Сега е време за соработка!

од Destan Jonuzi

Министерот за надворешни работи, своевремено и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вели дека не можам да прејудицира дали опозициската Алијанса за Албанците ќе прифати или не да биде дел од Владата, но дека според него, сега е време власта и опозицијата да постигнат договор и да ги поделат одговорноста и заслугите за ЕУ.

– Не можам да предвидам какви ќе бидат конкретните соработки во наредниот период, но времето бара поблиска координација меѓу политичките партии. Енергетската, економската криза, процесот на скрининг, реформите за Европската унија бараат поблиска соработка, тоа значи каква било формална соработка, не можам да прејудицирам во овој момент додека разговараме, во овој момент го објаснувам контекстот дека сега е време за поблиска соработка, изјави Османи.

Од друга страна, СДСМ и Алијансата за Албанците (АА) негираат дека имале средби за можно вклучување на опозициската АА во владата. Според премиерот Димитар Ковачевски, досега оваа тема меѓу нив не била отворена.

Имаше сигнали, но не и сериозна понуда, изјави од друга страна претседателот на АА, Арбен Таравари.

– Не можам да кажам ништо за нешто што не постои. Кога нема ништо, немате што да разговарате со нив. Ако има нешто, ќе седнеме и ќе разговараме. Имаше сигнали, но немаше ништо конкретно за што може да разговараме и да дебатираме со партиските структури. Велам, засега не е нешто сериозно, изјави Таравари.

Гласините за можно вклучување на АА во Владата се зачестија откако Таравари рече дека доколку имаат понуда ќе ја разгледаат.

Д.Ј.

Слични содржини