АА: ДУИ не е УЧК, Османи ги навреди Албанците

од Nikola Popovski

Голем удар и навреда за славата на УЧК е денешната изјава на министерот на ДУИ, Бујар Османи од вчерашната инаугурација на споменикот на УЧК во Слупчане, особено кога оваа изјава доаѓа од оние кои инсистираат дека имаат ексклузивитет на историјата во 2001 година во Северна Македонија, велат денеска од Алијанса на Албанците по повод вчерашното откривање на спомен-кулата во кумановско.

Според АА, денешната изјава на Бујар Османи е скандалозен чин кој бара казна од секој Албанец, бидејќи со оградувањето од споменикот, тој всушност се обиде да ги оддалечи Албанците од УЧК.

-Денеска конечно паднаа маските. Албанците, денес, после 20 години, конечно сфатија дека „ДУИ не е УЧК!“; дека „сите добри дела за Албанците во крајна линија не носат печат на ДУИ!“, туку дека ДУИ е срам, навреда и понижување на секој Албанец за интересите на власта и фотелјите на политичката клика која ги зароби Албанците, соопштија од АА.

Во првите редови на откривањето беа претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и министрите во Владата на Северна Македонија Бујар Османи, Кресник Бектеши, Фатмир Бесими, Артан Груби.

Откривањето на споменикот на борците на ОНА го најави градоначалникот на Липково и функционер на ДУИ, Еркан Арифи, велејќи дека тој е подигнат „за она што овие маченици го дадоа за нашата слобода, во спомен на нивните херојски дело за живот“.

Слични содржини