АА и Алтернатива најавија повлекување на амандманите

од Берта Китинска

Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за обрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечеме нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки.

– Ние остануваме на она што го изјавивме претходно во рамки на дебатата за законот за државјанство. Штом ќе се повлечат амандманите кои го блокираа законот за државјанство и ние ќе ги повлекуваме нашите амандмани за петтиот економски пакет. Во моментот кога ќе бидат повлечени амандманите за државјанство, во тој момент ќе ги повлечеме и амандманите за петтиот економски пакет, рече Азири.

Слични содржини