АА: Повик до пратениците од „владиното малцинство“ да ни се приклучат

од Nikola Popovski

Алијанса за Албанците ги повикува пратениците од, како што велат, „владиното малцинство“, да преминат во редовите на, според нив, прогресивната опозиција. Од партијата на Села велат дека приказните за евроинтеграциии се само алиби за бегање од правда.

„Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство: сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција. Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската Унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници“, велат од опозициската партија.

Слични содржини