АА: Правдата наскоро ќе дојде за сите во оваа држава

од Vladimir Zorba

„Владата потпиша договор за закуп на 45 луксузни автомобили, за што ќе плати околу 40 илјади евра или вкупно околу 2 милиони евра за само 36 месеци. Ова е една од најсериозните злоупотреби на парите на граѓаните, во време кога економијата е пред колапс, бизнисите во земјата се пред банкрот, додека граѓаните секојдневно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и економска криза“, соопштуваат од Алијансата за Албанците.

„Овој скандал уште еднаш го извади на виделина вистинското лице на Владата на СДСМ-ДУИ. Да потсетиме, пред неколку дена, зелениот министер, Бујар Османи, промовираше тротинети со електричен погон за администраторите, исмејувајќи ги, додека неговиот шеф Зоран Заев ги обвини дека администраторите се коруптирани и дека министрите се чисти.

Алијанса за Албанците и Алтернaтива ценат дека неодамнешната одлука на Владата потврди дека Зоран Заев и Али Ахмети веќе го надминале Никола Груевски, како за набавка на луксузни автомобили, така и за потценување и злоупотреба на администрацијата. Ве уверуваме дека правдата наскоро ќе дојде за сите во оваа држава. Оние кои злоупотребуваат ќе одговараат и за последниот денар што го украле од џебот на народот“, додаваат оттаму.

Слични содржини