АА: Проруски Чеченци пред една година биле во Собранието и се прегрнале со Џафери

од Nikola Popovski

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер, велат од партијата Алијанса за Албанците преку соопштение за наводната средба пред година во македонскиот Парламент.

Партијата е разочарана што сето ова се случило во Собранието на Северна Македонија, како највисока законодавна институција на земја членка на НАТО.

-Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија, сметаат од АА.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност и потенцираат дека постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери..

-СДСМ треба да одговорат дали имало и нивни претставници во делегацијата предводена од Талат Џафери која ги примила овие лица во Собранието?, прашуваат од „Белата палата“.

Слични содржини