АА: Стружани се трујат, власта ги штити загадувачите

од Берта Китинска

Да се даде ветување е убава работа се додека ветувањето станува реалност, но да ветуваш истото во секоја кампања и да се игра со чувствата и судбините на граѓаните е дефинитивно најгрдото нешто на светот, велат од Алијанса за Албанците од Огранокот од Струга.

-Сигурно сите се сеќавате на (како и секогаш) празните зборови на градоначалникот во врска со каменоломите и депонијата во Лабуништа. Но, што се случи денеска?Црниот чад од палењето на депонијата веќе два дена ги труе локалните жители и не само, сето тоа го докажуваат и резултатите од мерењето на загаденоста на воздухот.Се поставува прашањето: колку концесионерски компании има? Имаше ли транспарентност при доделувањето на договорите за концесија? Дали инспекторатот за животна средина си ја врши работата?Додека сите чекаме одговор и крај на оваа грда ситуација, едно е сигурно: лицемерието на ДУИ, и нејзината квази „Зелена агенда“, го држи во заложништво здравјето на жителите на Лабуништа и пошироко, појаснуваат од АА.

Слични содржини