АА за Мијалков: Ова е најцрниот ден за правдата во Македонија

од Nikola Popovski

Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните, велат од Алијанса за Албанците, како реакција на денешното излегување од затворски притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Според АА, „главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода“.

-Овој ден ќе се памети како најцрниот ден за правдата во земјата. Бараме министерот и заменик министерот за правда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно да ги напуштат нивните позиции и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев, велат од партијата и додаваат:

-Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани, порачуваат од Алијанса за Албанците.

Слични содржини