АБА 2 лига: МЗТ Скопје подобар од Борац Чачак во дербито

од Vladimir Zorba

Фото: druga.aba-liga.com

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Борац Чачак со 76:69 и осамна на првото место на табелата во регионалната АБА 2 лига. Резултатот по четвртини гласеше 18:11, 20:28, 19:22 и 19:8, што покажува дека одбраната во последните десет минути беше клучна за победата. При 69-67, МЗТ направи серија од 5:0 и се одлепи на покомотни 74:67, што беше доволно за четврта победа во четвртиот настап во АБА 2 сезонава.

Дамјан Стојановски со 16 коша, Џабари Хиндс со 15, Нуни Омот со 14 и Бојан Крстевски со дабл-дабл ефект (11 поени, 12 скока) беа носители на играта на „штрковите“. 

Во наредното коло, МЗТ Скопје ќе и гостува на Сутјеска. 

Слични содржини