Абазовиќ од Белград: Регионот треба заеднички да настапува на трети пазари и заеднички да имплементира проекти во енергетиката

од Stefanija Kuzmanovska

„Морамо повеќе да обрнеме внимание како заеднички да настапуваме и на трети пазари, но и заеднички да имплементираме енергетски проекти во регионот“ истакна црногорскиот премиер Дриган Абазовиќ на регионалната конференција за енергетика во Белград.

Тој додаде дека регионот треба да се насочи да ја намали енергетската зависност и да се фокусира да биде произведувач на зелена енергија.

На сличен став како неговиот црногорскиот колега, дека мора сите да работат заедно, беше и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски кој рече дека соработката е единствениот начин да се надмине оваа енергетска криза, слично како што беше примерот и со соработката и солидарнсота за време на ковид пандемијата.

Слични содржини