Абазовиќ добива закани и понуда од неколку милиони евра

од Nikola Popovski

Претседателот на црногорското граѓанско движење УРА, Дритан Абазовиќ, денес за телевизија „Вијести“ изјавил дека е вистина веста дека му биле понудени 21 милион евра, но дека би било несериозно да каже кој што му понудил.

Абазовиќ рече дека близок роднина на семејството Кељменди му се јавил за заканите што му биле испратени од еден криминален клан.

„Тој рече дека се згрозени од информациите што се појавија во медиумите и дека немаат мотив. Пологично е дека некој од тука од Црна Гора сака да направи нешто, и да ги измами трагите со некој од регионот кој нема пристап до Црна Гора. Сè што ми се случи пред и по изборите ме засили и охрабри и не се плашам. Никој не стои зад мене и јас им одговарам на граѓаните“, рекол Абазовиќ.

Слични содржини